Традиционален Одредски Камп на ИО „Феникс“ во с. Присад кај манастирот Св. Ѓорѓија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Последниот викенд, од 22ри до 24ти октомври 2021, Извидничкиот одред „Феникс“ го организираше петтиот Традиционален Одредски Камп (ТОК) во во с. Присад кај манастирот Св. Ѓорѓија.

Одговорни за кампот беа новите водачи за кои ова искуство беше тест за одговорноста и сериозноста кои ги носи нивната нова улога.

Целта на кампот беше, новите извидници да се запознаат со старите извидници од Извидничкиот одред „Феникс“ и да го искусат едно од најубавите чувства, а тоа е чувството да се биде извидник.

Овој камп вклучуваше, многу забавни и едукативни активности како што се: Шифрарник, грабни стапче, Културно-забавна програма (КЗП), Монопол, Џенга, Уно, тест за извидништво и општа култура, мини-хајк до планинарскиот дом Дервен и уште многу други активности.

На кампот учество зедоа 25 натпреварувачи – извидници и 15 храбри волонтери. Пријатната атмосфера на кампот се должеше на позитивната енергија и задоволството на учесниците.

Кога дојде време да си одиме, сите заеднички го средивме делот каде што престојувавме. Манастирот остана чист, а учесниците ги задржаа своите насмеани лица.

Се надеваме дека што поскоро ќе се дружиме сите заедно на некоја од нашите следни активности!

Извиднички поздрав, ЗДРАВО!

Пишува: Матео Петкоски – водач во Извиднички одред „Феникс“ – Прилеп


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи