Kонцертната промоција на албумот „Крик и Прашина“ на Сашко Костов


Извонредно музичко доживување, на концертната промоција на албумот „Крик и Прашина“ ќе можат да доживеат прилепчани во четврток во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за алтернативен рок концерт со елементи на џез, поп… во кој се бришат границите меѓу музичките жанрови.

Настапуваат

Сашко Костов (вокал, гитара, семплинг),
Симеон Облешевски – клавијатури,
Симеон Ангелевски – бас гитара
Дамјан Грујот – тапани и
Филип Бошевски – гитара.

Сашко Костов е мулти-инструменталист, композитор, изведувач и продуцент чија музичка инспирација е тесно врзана за неговите влијанија и потекло. Со првото слушање, и покрај сложеноста на неговите композиции, тие допираат до публиката и не ја оставаат рамнодушна.

Изминативе неколку години се занимава со производство на сопствени инструменти кои имаат уникатен звук а кои се изработени од рециклирани материјали (дрво, пластика, метал) сечење – штимање метални, пластични цевки… Костов твори интригантен звук и во исто време останува верен на сопствените творечки стремежи.

Посветен на својот занает и полн со еклектични идеи, овој уметник знае како се користи поетскиот стих за да ги разубави своите музички тонови и ритмови. Вокалите се неговото најмоќно оружје. Еден од ретките кои потпирајќи се на сопственото авторско кредо и на стекнатите свирачки вештини зад себе има пристојно долга кариера документирана во некаде петнаесеттина објави, многу театарска музика и уште повеќе концертни настапи со групите чиј предводник бил (BAD SECTOR, SASKO KOSTOV and THE WAITING WAITS), но и со дузина каде се јавува како редовен или „дописен“ член (МУГЕР ФУГЕР, ЛАСТ ЕКСПЕДИШН, ЧИСТА ОКОЛИНА, Горан Трајковски…).

Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.

Концертот започнува од 20 часот и влезот е слободен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи