Бектеши: Ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор

Facebook
Twitter
Email
Print


Ќе биде прогласена енергетска кризна состојба во државата со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании како што се ЕСМ и МЕПСО со цел да се зголеми нивната ликвидност за да може да се интервенира во увозот на струја. Рестриктивни мерки во моментот не се предвидени. Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот сектор постојано имаат состаноци и будно се следи состојбата на електроенергетскиот сектор во државата.

Министерот Бектеши, на вчерашното гостување на ТВ „Алсат“, најави дека на владина седница, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, а за денеска и за утре ја најави средбата со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба.

Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае по направените конечни анализи, рече Бектеши, уверувајќи дека Владата има средства за да интервенира во зависност од потребите на енергетските компании, и дека до крајот на годината нема да има поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, како што се микро и малите компани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи