ВИДЕО – Работодавачите против покачување на минималната плата


Доколку се случи енергетската криза и одредени рестрикции тоа длабоко ќе го погоди бизнис секторот, оценуваат од Организацијата на работодавачи од каде се надеваат дека Владата ќе ги преземе сите мерки да не дојде до тоа. Исто така работодавачите се погодени и од најавеното покачување на минималната плата за кое се против тоа да се случи во овој момент.

„Периодов е неактуелен и не компатибилен да се зборува и да се лицитира со минималната плата во услови на пандемија и во услови на намалена продуктивност на компаниите“, истакна Владанка Трајкоска, претседател на Организација на работодавачи на Македонија.

Работодавачите бараат и измени во законот за работни односи со кои би се зголемиле обврските и казните за работниците, а не само истите да биле пропишани само за работодавачите. Бараат и намалување на темпото на усогласување на нашето со европското законодавтсво.

„Не треба да брзаме со стриктно усогласување со тие директиви затоа што ние сме на многу поинаков степен на развој. Далеку е времето кога ние би станале членка на ЕУ. И тогаш е во ред да се применат сите директиви. Но ние гледаме дека и во ЕУ има многу различни степени на развој на разни држави. Така што и тие се свесни за тоа. Затоа што сега кога зборуваат за европски закон за минимална плата веднаш стана јасно дека минимална плата во Бугарија и Романија не може да биде иста како таа во Швајцарија или Англија“, истакна Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавачи на Македонија.

Работодавачите велат дека во овој период како помош за стопанството добро би било државата да се откаже од дел од акцизата за гориво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи