Започна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за здравство и оваа година набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи:

Стари лица (над 65 години);

Лица со хронични заболувања;

Здравствени работници;

Бремени жени;

Децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.

Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок.

Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари.

Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk. Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

Вакциницијата против грип не штити од Ковид 19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со Ковид 19 и влијанието на здравствениот систем.

Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од ко-циркулација на Ковид 19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од Ковид 19.

Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од Ковид 19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи