Последователно на истражувањето кое го спроведи Коалиција СЕГА, во рамките на Националната Кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ беаутврдени следните резултати:
- 52% од младите испитаници на возраст до 23 години се информирале за постоењето на Законот за младински додаток преку социјални мрежи;
- 20% од младите испитаници на возраст до 23 години се информирале за постоењето на Законот за младински додаток преку Центрите за вработување на локално ниво или преку Агенцијата за вработување;
- 10% од младите испитаници на возраст до 23 години се информирале за постоењето на Законот за младински додаток преку веб страната од Министерството за труд и социјална политика;
- 18% од младите испитаници на возраст до 23 години се информирале за постоењето на Законот за младински додаток на друг начин.
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведува Националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ во периодот од 12 август – 31 декември 2021 година.
Кампањата има за цел информирање на младите и работодавците за корисноста и придобивките од законот за младински додаток и да придонесе кон негова подобра примена.
#coalitionsega #законзамладинскидодаток #правонамладинскидодаток #Youth #Млади #bkm #KCC #infokompas #msp #bintern #necinmk #ozo #lagagrolider #vcs