Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека утре ќе имаат состанот на Комисијата за заразни болести, на кој ќе се разговара за воведување на рестриктивни мерки за справување со пандемијата.
„Закажан е состанок на кој ќе комуницираме за какви мерки ќе се воведат. Ќе излеземе со конкретни предлози кои ќе ги доставиме до владата. Пред се, тие ќе се однесуваат на невакцинираните“, вели Филипче.
Според него, болничкиот систем во моментов е оптоварен од невакцинираните и тоа не смее да го толерираме во време кога имаме голем број вакцини.
„Доаѓа време на зимска сезона и настинки и не е дозволиво да не се вакцинираат граѓанитe. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат“, рече Филипче.