Бектеши: Ако има ценовен шок, ќе преземеме мерки

Facebook
Twitter
Email
Print


Ако предвидиме дека ќе има ценовни шокови, тогаш ќе интервенираме во рамките на нашите надлежности и согласно Законот за трговија. Бектеши вели дека засега не се подготвува реакција, но објасни какви се можностите.

„Ние веќе ги правиме сите анализи, во момент кога ние ќе предвидиме дека може да има ценовни шокови навремено ќе ја известиме јавноста. Во моментот немаме такви податоци дека тоа може да се случи, и како што сме направиле пред една година ќе направиме пак во делот на преземање соодветни мерки согласно Законот за трговија и надлежностите што ги има Министерството за економија“, рече Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања што уште треба да се случи ако се знае дека потрошувачката кошничка за една година е зголемена за илјада денари, министерот вели дека тука треба да се има предвид дека се зголемиле и платите, но уште еднаш нагласи дека ако има потреба тогаш ќе има замрзнување на цените.

„Согласно механизмите, за да се донесат такви мерки и во делот на домашното производство, секако дека директно можеме да влијаеме во делот на цената. Но, дали домашното производство може да ги покрива потребите на нашите граѓани за одредени производи? Ако тоа не може да се исполни тогаш секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените при производи кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз, а секако и во делот на голема и на мала трговија можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големи или слично. Тоа веќе сме го направиле, речиси сме единствената држава во време на пандемија која имаше вакви мерки“, одговори Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи