Минималната цена за полагање за возачка дозвола за „Б“ категорија која во моментов изнесува околу 20 илјади денари, треба да се зголеми за најмалку 30 отсто, велат претставници на автошколите за „Вечер“.
„Невозможно е со цена од 19.300 денари со ДДВ од 18 проценти, да се покријат редовните и варијабилните трошоци за работа, доведено е во прашање опстанокот на автошколата, како и егзистенцијата на вработените и нивните семејства“, сметаат од Националното здружение на автошколи и возачи – инструктори.
Поради ова, тие бараат од министерот за внатрешни работи да го одобри покачувањето кое цената ќе ја одведе помеѓу 24.500 денари со ДДВ и 26.000 денари. Новите цени, според нив, би требало да важат од 1 декември 2021 година, или веднаш по Нова година.