Фактор објави дека се случила експлозија во хидроелектраната Вруток, по што таа е надвор од функција и не произведува струја .
Станува збор за најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на АД Електрани на Македонија, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.
Се очекуваат повеќе детали за инцидентот од АД ЕСМ.