Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на Уставот

Facebook
Twitter
Email
Print


Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на Уставот, донесен по прогласувањето на нејзината независност.

Највисокиот државно-правен акт е донесен на 17 ноември 1991 година. Во Уставот се пропишува дека во републиката суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

Уставот е темел на една држава. Затоа темелното непознавање на неговото значење доведува до темелни грешки, а од криви темели права градба не се гради.
Темелни вредности на уставниот поредок се:

– основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;

– слободното изразување на националната припадност;

– владеењето на правото;

– поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;

– политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;

– правната заштита на сопственоста;

– слободата на пазарот и претприемништвото;

– хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;

– локалната самоуправа;

– уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и

– почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество. Граѓаните  се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Уставниот развој на државата три периоди. Првиот период е од 31 декември 1946 година кога е донесен Уставот на тогашната Народна Република Македонија. Вториот период е со донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија на 25 февруари 1974 година. Третиот од 17 декември 1991 година кога е усвоен сегашниот македонски устав.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи