Започна реконструкцијата на цевководот од изворот „Пашоски ливади“ до собирната шахта во КО Прилеп


Општина Прилеп започна со реализација на многу важен проект за „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во местото викано „Пашоски ливади“ до собирна шахта во КО Прилеп“. Од Општина Прилеп информираат дека градоначалникот, Борче Јовчески, денеска ја посетил локацијата и извршил увид во градежните активности околу реализација на проектот.

Реконструкцијата на доводниот цевковод од изворот викан „Пашоски Ливади“ во близина на с.Оревоец е во вкупна должина од 3.850 метри. Како најповолен изведувач за извршување на градежните работи избрана е фирмата Маркоски К – 73 од Струга.  Предвидено е реконструкцијата на цевководот за водоснабдување да се одвива во две фази, од кои во првата би се реконструирале 3.045м.

Со реконструктивниот зафат ќе биде заменет стариот дотраен челичен цевковод со дијаметар f300 мм со нови дуктилни цевки со дијаметар F 300 мм од светски познатиот произведувач „Понтамусон“ со што ќе се овозможи зголемен проток на вода од 25 литри во секунда.

„Цевковод е изграден во 50-те год од минатиот век и поради оштетувањата кои ги претпрел истиот е причина за намалено снабдување со вода на потенцијалните корисниците. Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе во решавање на  долгогодишните проблеми  и ќе  обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници  во  текот на целата година . Со тоа ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето  на локалното население“, велат од Општина Прилеп.

Средствата за имплементација на овој проект се обезбедени од  ТАВ програмата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи