Жител на с. Алданци се сопнал, паднал и се самозастрелал


Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, 34-годишниот И.И. од крушевското село Алданци, пријавил дека околу 16 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, а неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител“, наведено е во полицискиот билтен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи