Фрчкоски: Бугарите ако влезат во Уставот, ќе треба да прифатат дека се различни од Македонците

Facebook
Twitter
Email
Print


Проф. д-р Љубомир Фрчкоски, кој е еден од творците на Уставот на Македонија, во интервју за Утрински брифинг вели дека не смета дека е проблем Бугарите да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.

„Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ“, објасни Фрчкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи