Четвртооделенците од основното училиште „Кочо Рацин“ денеска ја посетија Општина Прилеп и се сретнаа со градоначалникот Борче Јовчески.
„Посетата на учениците е во рамките на годишната програма по предметот Општество каде учениците учат за надлежностите на локалната самоуправа и градоначалникот. Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретните проблеми кои се во надлежност на Општината“, информираат од Општина Прилеп.
Ваквите посети се најдобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средби.
98