Дел од тимот на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп имаше можност да посети активисти за зачувување на животната средина во Португалија и да види дел од нивните успешни практики. Оваа посета е дел од проектот „Европски сојуз за поддршка на волонтери“ финансиран од Европска Унија. Покрај тимот на ЦГИ имаше претставници и од Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Латвија.
Средбите се одржаа во Општина Лусада каде работат многу активисти волонтери од цела Португалија. Шумата на фамилијата Мата (Mata de Vilar) во Лусада беше едно од местата што се посетија. Оваа шума која зафаќа повеќе од 14 хектари со домашни видови дрвја има добиено меѓународен сертификат за шума со висока вредност на зачувување. Шумата претходно била во сопственост на семејството Мата, а потоа ја откупува Општината која со помош на волонтери активисти за животна средина ја одржуваат. Покрај многуте туристички посети, во шумата се одржуваат и разни манифестации.
Неколку од активистите волонтери им презентираа добри практики за одржување на домашните видови на дрвја во шумата и нивната важност.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.