Бугарското обвинителство ќе испрати обвинител и истражител во Скопје, кои ќе го достават барањето за правна помош на Македонија, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на изјави од Сијка Милева, портпаролка на јавниот обвинител на Бугарија.
Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на 6 истражители од бугарската Национална истражба служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перн утре ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Македонија.
Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.