Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528 695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435 707 тони јаглен и 92 829 тони нафтени продукти.
Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.