Суспендирани се двајца царински службеници кои биле на смена кога автобусот на „Беса Транс“ излегол од државата на ГП „Деве Баир“, а за нивниот раководител ќе следи мерка за санкционирање, информира царинската управа.
Секторот за професионална одговорност на Царинска управа констатира дека првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото на „Беса Транс“ од Скопје во кое загинаа 44 патници. Извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници.
Царината дополнително ќе провери дали е валидна докментацијата што превозникот „Беса Транс“ ја приложувал при претходните регистрирани излези од државата во периодот од 15 октомври до 11 ноември.