Несреќата на автопатот Струма ги одложи првичните планови на СДСМ за средба на највисоките партиски тела која требаше да се случи во вторникот, на која се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.
Според статутот на партијата, најдоцна 15 дена по утврдувањето на оставката, Извршниот комитет ја носи одлуката за распишување на внатрепартиски избори.
Како што најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и иден мандатар.
Истиот ден и партијата на Африм Гаши, Алтернатива ќе одлучува дали ќе се приклучи на владеачкото мнозинство.