Времето денеска променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.
Во Прилеп и регионот,температурата ќе се движи од 4 °C до 10 °C.
Под влијание на влажен бран од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој во деновите од викендот ќе услови повисоки дневни температури.