Денеска во Македонија е трет ден на жалост поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, а во која според денешните најнови информации загинаа 44 лица, главно македонски државјани, а 8 се повредени.
Владата завчера прогласи тридневна жалост, знамињата се на половина копје.
Сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.