Посета на волонтери во старски дом во Португалија


Тимот на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во посета на Општина Лусада, Португалија заедно со претставници на организации од Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Латвија преку проектот „Европски сојуз за поддршка на волонтери“ финансиран од Европска Унија, имаа можност да посетат еден уникатен старски дом.

Волонтерите од Лусада, Португалија им ги прикажаа активностите на присутните каде ги вклучуваат и постарите лица од старскиот дом. Тие секојдневно ги посетуваат и им даваат интересни и корисни задачи на постарите лица кои ќе придонесат кон заштита на животната средина.

 

Постарите лица од старскиот дом во Лусада имаат и друга занимација преку денот, а тоа се играње и воспитување на мали дечиња, бидејќи истиот објект се користи и како старски дом и како дневен престој за деца.

Овие волонтери прават план со активности за постарите лица за текот на целата година, а откако ќе завршат со активностите тие им ги покажуваат резултатите на постарите лица кои тие самите ги постигнале. Со ова постарите лица придонесуваат кон зачувување на животната средина, но се чувствуваат како корисни граѓани кои ја извршуваат својата должност.

Автор : Центар за грраѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи