ВИДЕО – Стерјовска Локвенец: Сомнителната изградба на мостот кај Сточен пазар ризик фактор за буџетот за 2022


Ризик фактор за извршувањето на буџетот на Општина Прилеп за 2022 година ќе претставуваат и судските спорови, посебно судскиот спор кој е поведен од изведувачот на реконструкцијата на мостот на градската река на улица „Трајко Николоски“. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Комисија за финансирање и буџет.

„Во минатото време кога како ВМРО ДПМНЕ бевме опозиција, реагиравме по информациите со коишто тогаш располагавме дека има сомнителни и спорни постапки за овој предмет и проект. Преку увидот во документацијата може да се констатира дека и покрај поминатиот временски период за реконструкција, првиот договор кој е склучен на 10.5.2019 година со времетраење од 365 дена, сепак на 18.12.2020 година, или 7 месеци по пробиениот рок, склучен е анекс договор со што вредноста на првичниот договор е зголемен за 4 150 206 денари. Она што е исто така интересно е тоа што овој мост беше пуштен во употреба во декември 2020 година во присуство на министерот за транспорт и врски, господин Бочварски, а на 30.3.2021 повторно е склучен нов анекс договор кој го поништува анекс договорот од 9.4.2020 година со број 03-50/12. Вредноста на мостот кај сточен пазар достигна приближно 600 илјади евра“,  додаде Стерјовска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи