Овој викенд во Крушево ќе се одржат неколку настани кои ќе го одбележат Денот на волонтерството 5-ти декември.
Настанот е насловен како Хуманитарен културен викенд и е во организација на ОО Црвен Крст Крушево.
ПРОГРАМА
- Театарска претстава „Само за твоите уши“, сабота, 17:00 и 21:00, театар Крушево
- „Училишен бенд и поетски вечери“, недела, 18:00
Цената за еден од настаните изнесува 70 денари, додека за целосната програма само 100 денари.
Настанот го предводат младите кои се волонтери во организацијата на Црвен крст во Крушево и оваа не е прва нивна активност. Зошто го кажуваме ова? Затоа што нема да погрешите ако присуствувате!!!