Ресорниот министер Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва изјавува дека на следната владина седница ќе побара од владата да се замрзнат цените на основните прехранбени призводи, брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото. Одлуката за замрзнување на цените ќе биде донесена најдоцна до вторник.
„Министерството за економија ќе достави предлог-одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на следната седница на Владата“, велат од Министерството за економија.
Раст на цените има кај речиси сите прехранбени производи, за 15 денари поскапо се продава еден килограм брашно, а за над 10 денари е поскапо млекото.
Некои од државите во опкружувањето ги замрзнаа цените на храната и производите за лична хигиена, а во Хрватска беа замрзнати и цените на горивата.
Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.
За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.