Подобро да не очекуваме добар исход за да не се разочараме, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во врска со очекувањата дека во текот на овој месец би можела да се случи деблокада на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, на состанок на Советот за општи работи на ЕК.
„Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Имаме само неколку дена до Советот за општи работи, до ГАК, 14 декември, мислам дека е крајно неодговорно било какви очекувања да создаваме тогаш“, рече Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.