Наши читатели ни испратија серија на фотографии од последниот пустош кој што дрвокрадците го направиле во атарите на селата Ореовец и Крстец. Станува збор за предел кој изобилувал со дрва и каде често во претходните години луѓето оделе да уживаат во убавината на природата, но сега за жал од шумата која што била во тој предел не е останато ниту едно дрвце.
Како што велат нашите читатели, иако се пријавувало дрвокрадството во овој регион, сепак институциите не преземале никакви чекори за тоа да се намали, а не пак да се спречи. Како што велат, редно време е институциите да почнат да си ја работат својата работа доколку сакаме идните генерации да знаат што е тоа шума, бидејќи шумите во прилепскиот регион континуирано и за жал дозволено се опустошуваат од страна на дрвокрадци.