Општина Прилеп: Претходната власт им давала лажна надеж преку вработување на измислени работни позиции

Почитувани сограѓани, го разбираме вашиот револт со кој се соочувате, но сметаме дека треба да одговориме за нештата да бидат појасни, велат во денешната реакција од Општина Прилеп на вчерашната прес конференција на Билјана Спироска, во име на граѓаните на кои не им беа продолжени договорите за работа.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Проблемот со времено ангажираните лица е во лошата кадровска политика на претходната локална власт. Вработувањата во градинките се направени на измислени работни места, односно бројот на вработени според систематизацијата на работни места бил неколку пати надминат. Жалиме што овие наши сограѓани биле само искористени, за денот на избори и искрено жалиме за лажната надеж што им била давана од претходната локална власт како во наивна детска игра. Некои од вработените не биле со соодветно образование за нивните позиции, некои со недоволен број на кредити за работните места каде што биле ангажирани.

Да биде уште појасно, не станува збор за никаков реваншизам, по ниту еден основ.

Потенцираме дека договорите на овие вработени не беа раскинати туку времето на кое биле склучени завршило и договорите престанале да важат“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи