ВИДЕО – Во Прилеп голема акција за чистење на дивите депонии – денеска се чистеше од излезот за Битола до Лук Оил

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Прилеп деновиве започна голема акција за чистење на дивите депонии во околината на градот. Денешната акција се одвиваше на потегот од влезот од Битола па се до клучката кај Лук Оил.

„Оваа акција е организирана од страна на градоначалникот на Прилеп, во соработка со јавните комунални претпријатија ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и Канализација“ и со помош на градежната оператива од Прилеп. Оваа акција има за цел да направи почист град и да се исчистат дивите депонии. Додека во светот сите го селектираат ѓубрето и се залагаат за помалку смет и ние треба да придонесеме за почиста срредина за нас и нашите поколенија. Воедно би упатил и апел до граѓаните на Прилеп да ги користат услугите на ЈКП „Комуналец“ за депонирање на каков било отпад бидејќи со тоа ја зачувуваме нашата средина чиста“, истаккна Рубин Абрашоски, дииректор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи