Воведувањето на е-услугите во руралните општини ќе го обезбеди еднаквиот пристап на граѓаните до општинската администрација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според истражувањето и граѓанскиот мониторинг кој што го направи Рурална Коалиција во општините Старо Нагоричане, Врапчиште и Кривогаштани граѓаните, најчесто ја контактираат општината за издавање на потврди (31%), решавање на проблеми со водоводна мрежа (25%), решавање на инфраструктурни прашања (19%), решавање на проблеми со јавно осветлување и комунален отпад (19%)  а само 7% за доставување на иницијативи. Останатите одговори се поединечни и се поврзани со барања за поддршка за културни настани, добивање на информации поврзани со имотот, можностите за градба, субвенции и слично.

Информациите или услугите од општината, 40,6% од граѓаните ги добиваат преку непосредна посета на општинските канцеларии или шалтери, додека пак загрижува фактот што  33% добиваат услуги/информации преку лични врски и контактирање на познаници, вработени во општината и слично. 14% добиваат информации од општината преку телефонски повик, а многу мал дел односно 4,5% се информираат преку нејзината веб страна, што пак говори за фактот дека граѓаните во руралните средини многу малку ги користат веб страниците на општините како алатки за комуницирање и информирање.

Имено, во однос на прашањето дали граѓаните знаат дали општините во кои беше спроведено истражувањето имаат веб страна, 65% од нив одговориле потврдно, а додека пак 34% од испитаниците се изјасниле дека не знаат дали воопшто постои веб страната на нивната општина.

Од вкупно 65% од испитаниците кои знаат дека нивната општина поседува веб страна, 57% ја имаат посетено истата, додека пак 43% воопшто ја немаат отворено, што пак упатува на претходно споменатиот заклучок дека кај речиси половината од граѓаните сеуште веб страниците на општините не се користат во доволна мера како алатки кои за информирање и за комуникација со општините.

Причината за горенаведениот низок процент на граѓани кои се информираат од веб страната на општината е поради тоа што граѓаните имаат неутрален став во однос на прашањето дали општините објавуваат доволно информации на нивните веб страни. Дури 47,7% од испитаниците се изјасниле дека не знаат дали општините објавуваат доволно информации на нивните веб страни (47,7%), што пак дополнително упатува и на фактот дека граѓаните во руралните средини немаат ниту информации што се треба да содржи една веб страна на општина за да се смета дека ги исполнува страндардите и дека е доволно отворена и транспарентна за комуникација со граѓаните. Приближно ист, пак е процентот на граѓани кои што сметаат дека нема доволно објавени информации на веб страниците на општините со оние кои што сметаат сметаат дека потребните информации за граѓаните се споделени (26%).

Но, од друга страна, пак, повеќе од половина од граѓаните во руралните општини сметаат дека дигитализацијата на локалните услуги ќе го намали времето на чекање и ќе ја зголеми ефикасноста, а како предлог мерки за зголемена употреба на е-услугите ги наведуваат:

  • Зголемување на бројот на информации и степенот на информираност кај локалното население за постоењето на е-услугите;
  • Зголемена едукација кај локалното население за практична употреба на е-услугите;
  • Едноставен и лесен начин на добивање на е-услуги;
  • Зголемување на довербата кај локалното население во електронското издавање на документи,

а како најзначајна причина поради која што сметаат дека е-услугите треба да се практикуваат што е можно почесто затоа што така се превенира моментот на барање на некој познат во општината, ургенции, интервенции преку ред, враќањето по неколку пати на истите шалтери затоа што некој или неколкумина претходно Ви го зеле редот итн. Според локалното население ова е еден од начините како најлесно на локално ниво може да се обезбеди еднаков пристап на граѓаните до сите услуги кои што ги нуди општината.

Ова се само дел од изјавите и резултатите кои што го испишуваат интегрираниот извештај и кои што се дел од кампањата на социјалните медиуми која што ја спроведува Рурална Коалиција, а каде што се говори за достапноста на е-услугите во руралните општини и колку ваквите услуги и нивниот развој придонесуваат за да се направи чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација. Извештајот е изготвен во рамките на проектот “Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација“ кој што го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).

Кампањата е достапна на социјалните медиуми на организацијата и истата може да се проследи преку следниот линк: https://www.facebook.com/RuralCoaliton.

Автор: Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи