За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
„Веќе ги дадовме сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации. Важно е истрагата да тече согласно процедурите и тоа што ќе го каже Обвинителството, а ние да бидеме тука поддршка и да ги даваме сите потребни документи и информации. Сметам дека во целиот период доста брзо ја информиравме јавноста. Се она што го имавме како информација од нашите бази на податоци ја дадовме до јавноста“, изјави Бочварски.