На денешниот старт на откупот на тутунот координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески, истакна дека тие како тутунари бараат политичарите да не ги остават како лани, туку да прошетаат помеѓу народот и да ги виделе нивните секојдневни проблеми.
„Она што сакам најмногу да потенцирам е до политичките елити и партии, кога велам елити зборувам и за претставниците на македонскиот и на албанскиот блок, да се симнат помеѓу народот, да ги видат реалните рпоблеми на населението, а не да се занимаваат само со политички пресметки, мнозинства и кој лидер која функција ќе ја преземи. Туку да слезат помеѓу народоти да видат со кои проблеми се соочува“, истакна Мирчески.