Жителите на Сирково утре на протест, бараат приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп

Facebook
Twitter
Email
Print


За утре е најавен протест со барање до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, за приклучок на селото Сирково кон брзиот пат Градско-Прилеп, информираше денеска Веле Коцев, претседател на месната заедница.

„Прифатено е нашето барање за асфалтирање на приодите кон селото по изградбата на патот. Имаше расположение да се реши и проблемот со обезбедување на приклучок до брзиот пат, но за тоа требаше да почекаме неколку дена, за да се согледа изводливоста на тој зафат и потребата од финансии за тоа. Требаше да имаме повторна средба. Бидејќи до таква средба не дојде, повторно ќе протестираме и ќе ја блокираме механизацијата на фирмата која работи на патот“, соопшти Коцев.

Коцев вели дека ако не се направи приклучок, жителите ќе мораат за Скопје да одат преку Градско, а за Прилеп преку Дреново.

„Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или „петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители“, рече Коцев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи