Облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Поради спуштање на студена воздушна маса од север кон крајот на денот врнежите освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 7 °C до 12 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Под влијание на влажен бран денес и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а денес на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, главно во северните и источните делови.