За прв пат од постоењето на нордиското скијање во Македонија ќе имаме претставници на светски куп во нордиско скијање, а тоа се нашите репрезентативци Ставре Јада и Ана Цветановска, кои моментално се наоѓаат на подготовки во Ливињо Италија под водство на тренерот Борче Јованоски. Подготовките се за претстојните натпревари, а нивната главна цел секако е Олимпијадата во Пекинг.
„ Засега тренинзите се одвиваат по план, Јас и Ана Цветановска кој сме кандидати за олимпијадата во Пекинг 2022 се чувствуваме добро, здрави сме и тренираме напорно. Пред 4 дена ни дозволија од ФИС светскиот куп да настапиме во Давос Швајцарија на 11-12 декември. Тоа ќе биде големо искуство за нас, сепак стануба збор за светски куп со елитата, но овој пат за прв пат од постоењето на Македонското нордиско скијање. Досега Македонија немала претставник на светскиот куп во трчање“, истакна за Инфо Компас, нашиот репрезентативец, Ставре Јада.
Јада потенцира дека секако нивната главна цел заедно со Цветановска е Олимпијадата која треба да се одржи воп Пекинг, наредната година.