Утре Владата ќе одлучува за цената на струјата

Facebook
Twitter
Email
Print


Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум.

Наместо задолжителните минимални 60%, АД ЕСМ одлучи да испорачуваат 100% енергија кон ЕВН Хоум, истакна денеска генералниот директор Васко Ковачевски и додава дека на Владата и понудиле неколку цени.

ЕСМ на 9ти декември ќе ја достави понудата на тендерот на ЕВН Хоум за Универзалниот снабдувач и најверојатно тогаш ќе се има појасна слика колку ќе порасне сметката за струја за граѓаните од јануари.

„Ги направивме сите подготовки, тоа значи план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022та. И тука произлегуваат една табела од цени кои се доставени до Владата и на затворена седница треба да донесе одлука – препорачана цена за количините на енергија коишто АД ЕСМ ќе ги испорачува кон ЕВН Хоум, Униврзалниот снабдувач и малите потрошувачи и домаќинствата“, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи