15 оздравени и 7 новозаразени од ковид-19 во Прилеп


Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19:

Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 393 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по 12, Штип и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 од Скопје (39, 71, 74, 77, 80 и 81), 2 од Куманово (75 и 80) и по едно починато лице од Берово (77), Битола (69), Велес (71), Македонска Каменица (35) и Ресен (76). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 4.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1) и се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи