Согласно Законот за празници на Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – Св. Климент Охридски е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Свети Климент Охридски (старословенски: Климєнтъ Охрїдьскꙑи, латински: Clemens Achridensis, грчки: Κλήμης της Αχρίδας; роден во околу 840 година — починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.