Спасовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет на оваа Влада

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски испрати порака преку својот Фејсбук профил по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

„Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи ја борбата со корупцијата меѓу врвните приоритети на оваа Влада, покажавме дека тоа не е само начин на добро владеење.

Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава, чин на вистински патриотизам“, напиша Спасовски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи