Оризопроизводителите испратија писмо до владата со листа од 14 барања. Тие најавуваат протести доколку не им се исполнат овие барања.
Меѓу другите барања, оризопроизводителите бараат исплата на субвенциите до крајот на месецот и отфрлање на предлогот за замрзнување на цената на оризот. Слободен увоз на репроматеријали и целосен надзор над акумулациите од кои се наводнува кочанско полe.
Земјоделците од Кочанско бараат бришење на каматите и репрограмирање на долговите кон Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, ослободување од актонтативно плаќање на персоналниот данок, а бараат и формирање на референтни цени за репроматеријалите.