На 09.12.2021 во ОВР Прилеп, 49-годишна жена од Прилеп пријавила дека во периодот од октомври 2020 година до јануари 2021 година била измамена за сума од 7.000 евра од лицето М.Л.
„Според пријавеното, под разни изговори за наводни услуги, М.Л. од неа ги земала парите, а откако ниту една од услугите не и биле извршени таа се посомневала дека е измамена и настанот го пријалила во ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од СВР Битола.