Ораторска вечер посветена на Конески во организација на ООУ „Св. Климент Охридски“ – Прилеп


По повод патрониот празник на ООУ „Св. Климент Охридски“ од Прилеп и по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески се организираше ораторска вечер посветена на овој наш великан. На настанот учествуваа 10 училишта. Се говореше на: македонски јазик, албански јазик, турски јазик, бошњачки јазик и српски јазик. Настанот се одржа на зум платформата, а видеата беа снимани од страна на нивните ментори, додека пак говорите беа преведувани со титла на македонски јазик. Настанот го отвори директорот на училиштето, Ахил Јаков кој ги поздрави сите учесници.

Главната цел на овој настан беше меѓуетничката соработка, можноста да чуеме ученици од различни училишта, градови, држави. Да започне, да се продлабочи и да се зацврсти соработката на колегите и училиштата. За тоа многу се радувам! Оваа манифестација е трета по ред која нашето училиште ООУ „Климент Охридски“ годинава ја одржа на платформата Зум. Овој настан е поддржан од здружението „Мировна Акција“ – Прилеп/Тетово. Организацијата е поддржувач на процесот на интегрирано образование во училиштата и со нас, но и со дел од училиштата учесници има направено низа проекти и активности во кои се вклучени и едукации на наставници во полето на меѓуетничката интеграција“, вели Јулијана Талеска, наставник во ООУ „Климент Охридски“.

Ученици од ООУ „Блаже Конески“  и ООУ „Климент Охридски“ се претставија со музички точки предводени од своите менторки: Маја Џопа и Андријана Дукоска. Ученците од ликовната секција под менторство на наставничката Александра Богоеска беа инспирирани од говорите и насликаа прекрасни цртежи.

 

 

Тричлената комисија: Филип Димкоски (поет, новинар), Магдалена Сајкова (наставничка по македонски јазик „Стив Наумов“ – Битола) и Сања Зеленкиќ (наставничка по српски јазик, „Здравко Гложански“, Бечај, Р. Србија)] имаше тешка задача.

Првото место го освои ООУ „Десанка Максимовиќ“- Зајечар, Р. Србија, ментор: Стева Јовановиќ, оратор: Петар Радосављевиќ

Второто место го делеа две училишта:

  • ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово, ментор: Вилдане Исмани, оратор: Енес Зеќири  и
  • ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, ментор: Билјана Јагуриноска, оратор: Евгенија Димитриоска

Третото место го освои ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп. Ментор: Јагода Волческа, оратор: Исидора Николоска 

 

 

Симболичкото доделување награди е само јакнење на натпреварувачкиот дух, самата активност да добие малку поинтересна нота. Тоа не значи дека другите ученици се помалку значајни или не ја постигнале целта“, додаде Талеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи