Зајакнување на луѓето од Пелагонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со настанот кој што се одржа во Хотел Епинал Битола, на 11 декември 2021, официјално започна со реализација проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија”. Водечки партнер на проектот е Про Локал во партнерство со 7 општини од Пелагонискиот регион (Кривогаштани, Крушево, Долнени, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен), како и 10 граѓански здруженија меѓу кои и ЛАГ Агро Лидер.

Педесетина млади од пелагонискиот регион кои наместо сабота сабајле да го користат за лежење подома, дојдоа и им дадоа предизвик на своите градоначалници: како да го направат своето место за живеење подобро за сите. Од денеска па се’ до крајот на 2022 година, истите тие млади ќе даваат идеи, ќе се запознаат со работењето на локалната самоуправа и ќе бидат директно вклучени во носењето одлуки кои ќе донесат бенефит на сите.

Проектот се однесува на еминентната потреба на руралните млади за насоки и поддршка во нивното учество во јавниот живот. Да им помогне да ги разберат принципите на Доброто владеење и нивната улога во општеството. Да разберaт во пракса кои се нивните права и обврски кон општеството и кон самите себе. Да бидат сведоци на приказните за модели кои ги надминаа предизвиците и го исполнија својот личен потенцијал во македонското општество.

Понатаму, да развијат врска со нивната локална заедница преку активно учество во нејзините развојни процеси што резултира со силна локална сопственост.

Како што се тврди во „Студијата за млади на Северна Македонија“, во изминатите 6 години интересот кај младата популација за локалните политики е намаленза 50%, каде што 61% од младата популација смета дека локалните политичари се не се заинтересирани за нивните мислења и потреби, додека 73% од младите сметаат дека им требаат повеќе можности да се вклучи во развојот на локалните политики.

Програмите за зајакнување на граѓаните тотално отсуствуваат проследени со многу неразвиен и пасивен граѓански општествен ит сектор во општините како Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Ресен*не повеќе од вкупно 15 граѓански организации се активни во секторот.

Создавањето на платформата за граѓанското општество ќе ги зголеми капацитетите за прифаќање и на поддршката од донаторите децентрализирани програми за справување со предизвиците надвор од Скопје. Проектот интензивно ќе работи со 9 локални граѓански организации кои ги претставуваат луѓето од секоја од наведените општини за да ја подобрат нивната улога во претставување пред локалните власти. Проектот ќе резултира со силна регионална мрежа од 10 ГО опремени со човечки, технички и образовни ресурси за развој и реализација на проекти.

Целта на проектот е да ги поттикне луѓето од Пелагонија да земат активно учество во јавниот живот обезбедувајќи добро владеење и одговорност на јавната администрација и почитување на човековите права.

Целите на проектот се:

  1. зајакнување на граѓанскиот сектор во регионот на Пелагонија
  2. воспоставување одржлив механизам за учество на граѓаните (особено младите) во локалната власт
  3. зајакнување на младите/ГО за ефективен надзор на локалните совети
  4. зајакнување на индивидуалните човекови права (жени, млади, ЛГБТИ, слобода на говор)

Проектот Зајакнување на луѓето во Пелагонија вклучува 3 групи активности опфатени со интензивна онлајн кампања за подигање на свеста, како и уште неколку активности поврзани со ширење на резултатите и промоција на проектот.

Проектот започна на 01 октомври 2021 и ќе трае до 30 септември 2022 година, а финансиски поддржан е од Кралството на Холандија.

Активностите (настаните) во рамките на проектот ќе бидат во насока со принципите за добро владеење, односно: учество; одговорност; ефикасност и ефективност; транспарентност; владеење на право; компетентност и капацитет; права на малцинствата; иновации; одржливост; финансиски менџмент; човекови права; отчетност.

Дополнително на ова, ќе има и процес на спроведување на акции во заедницата кои што ќе бидат финансирани од проектот.

Сложувалката ќе биде комплетна кога ќе овозможиме партнерство на младите, локалните самоуправи и донаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи