Веќе 5 дена во 4-те православни храмови во Прилеп „Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“ по 13 пат се спроведува хуманитарната акција за големиот христијански празник Божик, која ја организира неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.
На средината од овие цркви се поставени добро познатите црвени кутии каде граѓаните можат да донираат средства. Кутиите во црквите ќе останат до 28 декември.
Со собраните средства се купуваат прехранбени производи и хемиски средства кои им се даваат на социјално загрозени семејства. Граѓаните исто тоа може и тие освен пари да донираат прехранбени производи, но кои што се нерасипливи, бидејќи голем дел од луѓето на кои што им се носи оваа храна и пакети немаат истата ниту каде да ја чуваат, немааат фрижидери, а за жал некои немаат ниту струја.
Организаторите упатуваат апел да се соберат што е можно повеќе средства за да може со акцијата да бидат покриени што е можно повеќе семејства на кои им треба ваква помош.
127