Започна новогодишното украсување на Прилеп

Централното градско подрачје и оваа година ќе биде осветлено и украсено во духот на новогодишните празници.

Украсувањето на градот, ќе биде со истите новогодишни украси од изминатите години и без никаква финансиска импликација врз и онака преоптоварениот буџет на општина Прилеп, со цел да се почувствува новогодишната атмосфера за претстојните празници, на која најмногу се разбира се радуваат најмладите.

Исто така од Општина Прилеп ја информираат јавноста дека локалната самоуправа во рамките на своите надлежности активно работи на решавање на проблемите со уличното осветлување и семафорите кои што во моментов не се во функција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи