Компании кои и се добро познати на јавноста, вусшност се управувани од жени. Ова го покажуваат податоците од платформата на БизнисМрежа.мк. Според податоците, жените управуваат со повеќе трговски синџири, со продажба на лекови, со производи на црна металургија…
Според анализата на „Пари“, во 8 поголеми компании во кои управител е жена, вкупниот профит е 47 милиони евра!
НА ЧЕЛО НА ТРГОВИЈАТА МЕНАЏИРАЛЕ ПРОМЕТ ОД 344 МИЛИОНИ ЕВРА
Податоците покажуваат дека повеќе големи трговски ланци се во рацете на жени и тие остваруваат големи добивки од своето работење. Под раководство на жени се синџирите маркети на „Кам“, „Тинекс“, „Стокомак“, а од оваа година и „Рамстор“. Анализата на податоците за лани покажува дека трите дами од трговијата лани имале вкупен профит од 11,5 милиони евра, релизиран од остврениот вкупен приход од промет во овие продавници од 344 милиони евра.
Најголем приход меѓу овие компании има „Кам“. Во продавниците на „Кам“ граѓаните лани оставиле 169 милиони евра. „Кам“ е под раководство на Тања Камчева Лазаревик, која всушност е управител на компанијата на својот татко Гоце Камчев. Кам остарил и најголема добивка меѓу трговските синџири чиј управител е жена. Ланската добивка била 4,9 милиони евра и забележала раст од 1,46 проценти во однос на 2019 година.
Управител на „Тинекс“ е Кристина Тодоровиќ Николиќ, ќерката на добро познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Под нејзино раководство „Тинекс“ лани направил приход од 97 милиони евра и добивка од 3,6 милиони евра и таа добивка е за 27,5 проценти поголема отколку во 2019 година.
ОД ЛЕКОВИТЕ НАПРАВИЛЕ ПРОФИТ ОД 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА
Под водство на жени се и три ведрогерии кои заедно се во добивка од околу 1,6 милиони евра, а раководеле со промет на лекови вреден 146,9 милиони евра.
Меѓу нив, со најголем приход е „Македонијалек“ која лани инкасирала 55 милиони евра, а остварила добивка од 1,2 милиони евра. Управител на „Македонијалек“ е Ана Димировска заедно со Драган Момчиловиќ.
Втора по големина на приход веледрогерија управувана од жена е „Еурофарм“. Лани компанијата направила приход од 47,5 милиони евра. Под раководство на Татјана Стерјева дипломиран фармацевт и магистер по менаџмент на човечки ресурси, компанијата лани направи добивка од 1,4 милиони евра, што е раст од 64 проценти во однос на претходната година.
Третата по големина на приход веледрогерија управувана од жена е „Феникс фарма“. Компанијата лани направила приход од 44,4 милиони евра и профит од скромни 29.500 евра, со што регистрирала пад на добивата од 46,3 проценти.Управител на „Феникс фарма“ е Јелена Јерговиќ.
Веледрогерии управувани од жени
ЖЕНИ И НА ЧЕЛО НА МЕТАЛУРГИЈАТА, ТУТУНОТ…
Пребарувачот на платформата на БизнисМрежа мк меѓу жените кои се раководители на компании со високи приходи ги „исфрли“ и Акционерско друштво за производство и промет со производи на црна металургија-ладно валан, поцинкован и пластифициран лим „Либерти“. Таму управителка е Тодорка Ристовска. Инаку, „Либерти Скопје“ е дел од „Либерти стил групацијата“, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји. Компанијата лани направила приход од 139 милиони евра и реализирала добивка од над 30 милиони евра. Во неа работат 485 вработени.
Целата анализа е достапна на следниот линк https://pari.com.mk/osum-