Полицајци извлекле тетовец затрупан со возилото во снежните наноси на Галичица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 28.12.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово.

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи