Заштита и унапредување на човековите права


Центар за граѓанска иницијатива уште од своето формирање во 1997 година се профилира како организација која ќе биде посветена на заштитата и унапредувањето на човековите права. Беше една од првите организации која работеше на документирање на повредата на правата и една од првите која отвори Регионална канцеларија за заштита на човековите права со која им обезбедуваше бесплатна правна помош на лица на кои им беше неопходна.

Последните неколку години ЦГИ беше посветен на борбата против тортура и неказнивост. Имено тимот на ЦГИ беше едуциран од меѓународни експерти за документирање на тортура. Всушност тимот беше запознаат што е Инстанбулскиот протокол, како функционира, кои се обврските на државите и слично. Односно тимот беше едуциран за ефикасно и адекватно истражување и документирање на случаевите на тортура меѓу кои со основните принципи за интервјуирање на жртвите, потоа со психолошките последици и докази за тортура и физичките последици и докази за тортура.

ЦГИ и денес придонесува за ефикасно спречување на тортура, борба против неказнивост и заздравување од последиците од тортурата. Со жртвите кои побарале помош претходните години во центарот работеа психолози, психијатри, доктори, правници.

За одбележување е дека последните години ЦГИ има добра комуникација со Затворот Прилеп. Неколкупати во борбата против тортура и неказнивост организираше обуки за вработените во затворот.

Борбата за заштита и унапредување на ЦГИ продолжува и понатаму. Во новите планови и програми на ЦГИ заштитата на човековите права повторно има значајно место.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи