Занаетчиите против законското решение недела да биде неработен ден

Facebook
Twitter
Email
Print


Занаетчиската комора Скопје со реакција преку соопштение за законското решение за недела како неработен ден.

„Во услови на пандемија и економска криза се воведе законско решение за недела како неработен ден кое што воопшто не е поволно за одредени занаетчиски дејности.

Со измените и дополнувањата на Законот за работни односи (Сл. Весник бр.288/21) од 01 јануари 2022 година се воведе недела како неработен ден за работниците во целиот занаетчиски сектор. Во недела ќе можат да работат работниците во пекарите, слаткарниците, печатниците и фотографите, сите останати се исклучени од можноста да работат во недела.

Работодавачите од листата на дејности на кои што им е дозволено да работат во недела согласно измените на Законот за работни односи, на работниците треба да исплатат додаток на плата за работа во недела кој што изнесува 50% за секој час поминат на работа“, стои во соопштението.

„Исто така реакции има и од занаетчиите доколку се реализира најавата за зголемување на минималната плата во 2022 година, ќе се зголеми и износот на додаток за плата во недела и тие едноставно нема да можат да го издржат финансискиот товар и ќе мора да отпуштат дел од вработените во занаетчиските бизниси“, истакна Анета Атанасовска-Занаетчиска комора Скопје.

Работното време на Носителите на занаетчиските бизниси –занаетчиите се уредува согласно чл.6 од Законот за занаетчиство каде што стои дека Советот на општината го определува работното време на занаетчиските дејности во зависност од месните потреби и обичаи и немаат обврска го пријавуваат работното време во Централниот регистар.

Од Занаетчиска комора Скопје наведуваат дека занаетчиите како самостојни вршители на дејност согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување плаќаат придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонес за задолжително здравствено осигурување и дополнителен придонес за задолжително осигурување во случај на повреда и професионално заболување, а не се обврзани да исплаќаат плата за себе како самовработено лице, ниту да исплаќаат регрес за годишен одмор за себе, што значи дека не се третираат како работници согласно ЗРО.

На терен занаетчиите ќе имаат проблем со инспекциските служби затоа што ќе има најразлични толкувања од страна на инспекцијата затоа што измената на Законот за работни односи има многу нејасни одредби.

„Реално има услужни занаетчиски дејности и занаетчиско производство кои мора да функционираат и во недела кога мора да се испорача одредена услуга како фризура, шминка, цветен аранжман за свадба, нарачка за пекарски, слаткарски производи или кетеринг, и наједноставно како на еден занаетчија ќе му забраните да си го отвори својот дуќан во недела и да работи самиот тој сопственик на дуќан од дејностите кои не се предвидени во листата, без разлика за која дејност станува збор ? Законското решение е селективно затоа што дозволува одредени дејности кои се во моловите да работат, а иста дејност со деловно седиште во деловен простор кој што не е во мол не може да работи реагираат членовите во Занаетчиската комора Скопје од најразлични сектори“, се вели во соопштението од Занаетчиската комора Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи